За нас
Учество во планирањето на градот
Учеството на граѓаните во процесите низ кои се дефинираат и обликуваат градските простори и покрај тоа што е законски загарантирано, во голема мера е сѐ уште ограничено. Планирањето на градот најчесто е предводено од интересите на поединци, ставајќи го јавниот интерес во втор план. Во недостиг на соодветна законска регулатива, која ќе го приоритизира јавниот интерес и општото добро, целта на оваа иницијатива е да ги премости бариерите помеѓу граѓаните, како претставници на јавниот интерес, и институциите, во обид за создавање на инклузивни и транспарентни алатки за планирање на градот.
Слободни јавни простори
Постапките за уредување на отворените јавните простори, а особено при процесите на нивна трансформација, често резултира со простори кои немаат соодветна програмска сложеност, капацитативно се ограничени, не ги поседуваат соодветните препорачани или пропишани карактеристики, а како резултат на тоа не ја вршат очекуваната функција, односно не ги рефлектираат потребите на заедницата. Јавните простори, како најважен просторен ресурс низ кој се негува социјалната компонента од градскиот живот, мора да бидат предмет на стручна, но и поширока расправа и во процесот на проектирање на истите да бидат вклучени сите засегнати чинители.