Концепт на повеќенаменско засолниште – урбана опрема која го премостува односот помеѓу човекот и природата

Идејата за формата, дизајнот и обликувањето на засолништето, дизајнирано и изведено од CPD Studio произлезе како еден заеднички концепт на елемент од урбана опрема – засолниште и жардиниера. Примарно, беше поставено прашањето како би можеле да ги споиме двете функции во еден елемент, со цел засолништето да добие двојна функција, како елемент кој може да се постави на јавна површина.

Во однос на дизајнот, формата ја следи функцијата, па така чистата геометриска линија е нагласена со аголно спојување на трите оски. Обликувањето ја следи формата, а бојата и материјализацијата се дефинирани така што не би го нарушувале природното опкружување и би се вклопиле во секој концепт на јавен простор каде што би биле поставени.

Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. Доколку имате маалски миленик, на територија на Општина Центар, на кој му е потребно засолниште, а воедно сакате и да разубавите јавниот простор – контактирајте нѐ!