Со колку и какви јавни простори располага Скопје?

Во рамки на проектот „Заедници за одржливост“ беше спроведено истражување за квалитатитвните и квантитативните особености на отворените јавни простори, изградени или реконструирани на територија на Град Скопје, за периодот од 2018 до 2023 одина.

Предмет на ова истражување се јавните отворени простори изградени или реконструирани на територија на Град Скопје, за периодот од 2018 до 2023 година, поконкретно од 30.06.2018 до 30.06.2023 година. Под јавни отворени простори се подразбираат сите јавни површини на отворено, кои нудат содржини за сите граѓани или за одредени фокусни групи на корисници. Периодот од 5 години е земен за референтен имајќи предвид дека временската рамка и употребен циклус на материјалите и реквизитите во еден јавен отворен простор е 5 години.

Во периодот од 30.06.2018 до 30.06.2023  година регистрирани се вкупно 364 новоизградени или реконструирани јавни простори на територија на Град Скопје, од кои 149 детски игралишта, 106 спортски игралишта, 23 скверови, 79 паркови, 5 пешачки улици и 2 кровни градини. Најмногу  новоизградени јавни простори се регистрирани во Општина Аеродром, додека најмалку се изградени во Општина Шуто Оризари.

Со оглед дека отсуствува усогласено категоризирање на јавните отворени простори кај надлежните институции, за потребите на истражувањето воспоставена е наменска категоризација на јавните отворени простори во согласност со доминантната функција, а која е направена со вкрстување на информациите од општините и теренско испитување на постојната состојба. Така во рамките на оваа категоризација се разликуваат: 

– детски игралишта

– спортски игралишта 

– скверови

– паркови

– пешачки улици

– кровни градини

Во однос на категоријата на отворени јавни простори, во периодот од 2019 до 2023 година, најмногу се инвестирало во детски  и спортски игралишта.Детските игралишта се застапени со 41% од вкупниот број на новоизведени и реконструирани јавни простори, додека пак спортските игралишта се застапени со 29%.

Целото истражувањe е достапно овде.

Проектот „Заедници за одржливост II”, се спроведува од Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива Охрид SOS, финансиски поддржан од Heinrich-Böll-Stiftung Sarajevo. Конкретното истражување се спроведува во соработка со Хумани градови.