„Две во едно“, концептот на засолниште за куче изработен од архитектката Барбара Иракоска, се карактеризира со модуларни засолништа кои влегуваат едно во друго. Овие засолништа се наменети за среден и голем раст на кучиња. Минималниот и едноставен концепт дозволува различно позиционирање на засолништата во зададени локации како под стреа, доближени до ѕид, раздвоени и споени, самостојни.
Отвореноста на засолништата допринесува до поголема природна вентилација и нивно лесно одржување. Лесно прилагодливиот дизајн, изборот на одржливите материјали, квалитетот на изработката на засолништата, создава безбедна средина за бездомните кучињата да се засолнат во јавен простор.



Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. Засолништата се донирани на бездомните штитеници во ЈП ЛАЈКА – Скопје, кои трпеливо го чекаат денот кога конечно ќе го најдат својот дом.

